Monday, December 23, 2013

Вива сокови

Македонската компанија „Вивакс“, чии што продукти се соковите „Вива“, е првата која на Балканот почна да произведува сокови со етикети официјално лиценцирани од глобалната марка „Дизни“. Користејќи го најквалитетното овошје како и за сите свои овошни сокови, претпријатието со 20-годишно искуство на пазарот создаде четири нови вкусови специјално дизајнирани со дел од цртаните ликови на „Дизни“ и „Марвел“. Дел од семејството на „Вива“ сега е и сокот спакуван како Мики и Мини, којшто е нектар од јаболко збогатен со витамин Ц и со калциум. Во костумот на Спајдермен е „облечен“ 100-процентен сок од јаболко, а со гламурозниот фустан на принцезата е обвиткан мултивитамински овошен сок богат со 10 витамини. Со таков мултивитамински производ е исполнет и сокот на чија што амбалажа итаат ликовите од анимираниот хит „Автомобили“. Исто така имаме и нови вкусови специјални дизајнирани и спакувани како линковите што се дел од огромното семејство на филмското студио „Дизни“.


Со производството на овие нови четири сокови „Вива“ станува првата македонска компанија што отпочнува ваков тип официјален аранжман и соработка со „Дизни“и „Марвел“. Критериумите за овој вид поврзување со брендот од САД се исклучително комплексни. За тоа воопшто да се случи е потребно исполнување на највисоките стандарди во комплетното работење, како и производи со врвен квалитет, два аспекта што „Вива“ целосно ги поседува. Преговорите помеѓу претпријатието лоцирано во Скопје и корпорацијата сместена во Бурбенк, Калифорнија, траеле повеќе од девет месеци. По нивното завршување соковите се најдоа на полиците во продавниците во земјава, но и во регионот, во Црна Гора, Косово и во Албанија. Уште една потврда за квалитетот на соковите „Вива“ дојде неодамна, кога компанијата освои пет вредни награди на меѓународниот саем за земјоделство што се одржа од 18 до 24 мај во Нови Сад, Србија. Компанијата од Скопје се закити со две големи златни медали за квалитет на 100-процентниот сок од ананас и за АЦЕ нектар, како и со три златни медали за квалитет за 100-отстотниот џус од портокал, за нектарот од праска и за коктел-нектарот. Најзначајно признание, меѓутоа, беше пехарот на Новосадскиот саем за врвен квалитет на овошните сокови „Вива“.